Mohammad Sio
24 Ноември 2026•Ажурирано: 24 Ноември 2026
Министерството за внатрешни работи на Газа денес соопшти дека бригадниот генерал Наим Мохамед Абу Нахл, генерален директор на Службата за внатрешна безбедност, бил убиен во израелски воздушен напад западно од градот Газа, јавува Анадолу.
„Абу Нахл (50) загина во атентат извршен од израелски воени авиони западно од градот Газа“, се наведува во соопштението на Министерството.
Претходно медицински извор за Анадолу изјави дека еден Палестинец загинал, а неколкумина биле повредени во израелски напад со беспилотно летало врз група цивили во близина на плоштадот Хајдар, западно од градот Газа.
Израелската војска, пак, тврдеше дека цел на нападот била личност за која рече дека е висок официјален претставник на Хамас во Газа.
Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН подоцна објави дека цел бил Абу Нахл.
Повикувајќи се на израелски извори, КАН наведе дека Абу Нахл го наследил Моаин ал-Арбеид, кого израелската војска и безбедносната служба Шин Бет го привеле за време на специјална операција во септември и кој сè уште се наоѓа во израелски притвор.