Bahtiyar Abdukerimov
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
ТАШКЕНТ (АА) – Џозеф Вотел, командантот на Американските централни сили (CENTCOM), истакнувајќи дека имаат за цел помирување меѓу Владата на Авганистан и талибанците, рече дека ќе се продолжи со воениот притисок врз талибанците, и дека мисијата не е променета, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата „Безбедност и стабилност во Централна Азија“, организирана од Американските централни сили, која се одржува во Ташкент, главниот град на Узбекистан, учествуваат началниците на генералштабовите на Пакистан, Авганистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и генералот на Американските централни сили, Џозеф Вотел.
Војтел, во својот говор на конференцијата, истакнувајќи дека не разговараат со талибанците за повлекувањето на САД од Авганистан, нагласи: „САД не преговараат со талибанците за повлекување на војската од Авганистан. Нашата цел е да се постигне помирување меѓу Владата на Авганистан и талибанците.“
„Преговорите за прекин на огнот во Авганистан е најважниот фактор за довербата“, рече Вотел, и дададе: „Заедно со преговорите ќе продолжиме со воениот притисок врз талибанците. Нашата мисија не е променета. Не сме добиле никаква наредба за повлекување на војската.“
Тој, исто така наведе дека е потребна заедничка борба за безбедносните закани во Централна и Јужна Азија.
„Сѐ уште има опасност за безбедноста. Затоа е најдобро да се води заедничка борба против оваа закана. Затоа сме собрани тука. Најважно нешто што посакуваме е да имаме независни и силни партнери во Централна и Јужна Азија“, истакна Вотел.
Министерот за одбрана на Узбекистан, Бахадир Курбанов, пак, истакна дека се подготвени за развивање партнерски односи со сите земји за да се обезбеди мирот во Авганистан.