Mustafa Deveci
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 13 лица загинаа во бродоломот во близина на Оманскиот Залив во Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат локалните медиуми, несреќата се случила во близина на брегот на градот Тата, кој припаѓа на сојузната пакистанска држава Синд. Со бродот се превезувале повеќе од 50 луѓе, за да присуствуваат на религиозна церемонија.
Меѓу жртвите има пет жени и три деца, а 15 патници беа спасени.
Се трага по повеќе од 20 исчезнати патници, а спасувачките акции беа поддржани од пакистанските поморски сили.
Уште не е позната причината за несреќата, а истрагата е во тек.
Очевидецот кој зборуваше за локалните медиуми тврди дека бродот веројатно потонал поради претовареност.