Diyar Güldoğan
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
АНКАРА (Аа) - Европската Комисија денес предложи политички патоказ за постигнување сеопфатен договор како да се спроведе одржлива миграциска политика до јуни 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дури и ако ние сега се оддалечуваме од кризниот режим, евидентно е дека миграцијата ќе остане предизвик за генерација Европјани“.
„Европа мора итно да обезбеди долгорочни начини за одговорно и праведно управување со миграцијата. Постигнавме солиден напредок во изминатите три години, но сега е време да ги претвориме предлозите во закон и законот во практика, рече претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер“, се вели во писмената изјава на Комисијата.
Според издаденото соопштение, Комисијата им предложила на лидерите да ја преземат работата за понатамошно зајакнување на партнерството со трети земји и да продолжат да отвораат правни патишта во Европа.
„Само сеопфатен пристап функционира. Фокусирање само на внатрешната димензија и на поддршката за земјите-членки не е доволно. Истовремено, само надворешната политика за миграција нема да го реши миграцискиот предизвик за Европа“, додаде тој.