Ekipa
26 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Гигантот Google ќе ја поддржи компјутерската компанија "Apple" во борбата за заштита на податоците на корисниците на уредите на "Apple" кој таа компанија го води со американското федерално истражно биро (FBI), јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор кој го следи целиот случај, рече дека "Google" на судот ќе му предаде стручен извештај со цел да ја поддржи компанијата "Apple".
"Google" како и "Apple" е загрижен поради делењето на приватните податоци на своите корисници, меѓу кои има пораки и фотографии.
Претходно е соопштено дека "Apple", кој го одби барањето на ФБИ за отклучување на телефонот на напаѓачот од Сан Бернардино, Сајед Фарук и неговата сопруга Ташвин Малик, кои во декември минатата година усмртија 14 лица, одлучи додатно да ги осигура своите телефони.
Компаниите кои даваат телекомуникациски услуги во САД, доколку е потребно, мора да соработуваат со припадниците на безбедносните сили и со нив ги делат информациите кои ги имаат. Меѓутоа, тој закон не ги опфаќа компаниите "Apple" и "Google".
Челникот на "Apple", Том Кук, претходно изјави дека компанијата е подготвена да им помогне на истражителите од ФБИ, но дека пробивањето на шифрите на ајфонот на убиецот Фарук би бил премногу опасен потег со несогледливи последици за компанијата и безбедноста на податоците на сите корисници на уредите на "Apple".
Во рамките на истрагата на ФБИ не може да се отклучи телефонот на Фарук бидејќи е заштитен со шифри кои ги нуди софтверот на "Apple". Напаѓачите се убиени во операција на американската полиција а податоците од нивните телефони би можеле да се клучни за истрагата, за нивната поврзаност со терористички организации.