Barry Eitel
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Американската влада со судски налози редовно ги „принудува” компаниите Apple и Google да ѝ помогнат во отклучувањето на своите мобилни уреди, наведува во својот нов извештај Американската унија за граѓански слободи (American Civil Liberties Union), јавува Anadolu Agency (AA).
Американското министерство за правда, се наведува, од 2008 година до сега од споменатите технолошки гиганти 63 пати по судски пат побарало да ѝ се помогне на владата при пристапување во смратфони и таблети.
Станува збор за, во најголем дел, случаеви на истраги за трговија со дрога.
Спорните односи на американската влада и технолошките компании во изминатите месеци често беа тема на светските медиуми, посебно по 14-ти декември минатата година и терористичкиот напад во Сан Бернардино кој го изврши напаѓачот Сајед Ризван Фарук, кој е подоцна застрелан.
По полицискиот увид, запленет е Ајфонот на Фарук кој детективите на Федералното устражно биро (FBI) долго време не можеа да го отклучаат, со цел негово вештачење.
Американската влада оттогаш во повеќе наврати побара од Apple да помогне во отклучувањето на смартфонот кој е заштитен со шифри кои ги нуди софтверот на компанијата.
Од компанијата соопштија дека тоа „не сакаат и не мораат да го сторат” бидејќи таквиот потег, како што истакнаа тогаш, ќе ја загрози безбедноста на милиони корисници на Ајфони ширум светот.
Челниците на Гугл, Фејсбук и Мајкрософт и над дваесет други компании повеќепати објавија дека го поддржуваат Apple во таа одлука.
Сето ова предизвика големи расправи во светската јавност околу дигиталните права за приватност и чување на националната безбедност.
„Заклучувам дека ниеден од факторите во случајот не го оправдува наредувањето на команијата да помогне во одредена истрага против своја волја”, се огласи американскиот државен обвинител Џејмс Оренстејн.
По скоро четири месеци, ФБИ неодамна објави дека „успеале” да го отклучат спорниот телефон со помош на „надворешен фактор”.