Ahmet Gürhan Kartal
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Денес во Манчестер беше одржана комеморација во чест на 22-те жртви од терористичкиот напад кој се случи минатата година во арената за време на концертот на познатата американска пејачка Аријана Гранде, јавува Anadolu Agency (AA).
На комеморацијата одржана во Катедралата во Манчестер присуствувува британската премиерка Тереза Меј, војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, лидерот на Лабористичката партија, Џереми Корбин и првата министерка на Шкотска, Никола Стурџон.
Меморијалната служба ја одбележува првата годишнина од нападот во арената „Манчестер“, на која, исто така присуствуваа и членови од семејствата на жртвите.
Аријана Гранде напиша порака за поддршка за оние кои беа засегнати од нападот.
„Мислам на сите вас, денес и секој ден“, напиша таа.
Илјадници луѓе се очекува да се соберат на „Албер сквер“ во вечерните часови во Манчестер, а црковните ѕвона ќе се огласат во 10.31 часот за да го одбележат точното време на смртоносниот напад.
Најмалку 22 лица загинаа, а десетици беа повредени во смртоносниот напад кој беше извршен во Манчестер на 22 мај 2017 година.