Hakan Çopur
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа изнесе критики на сметка на мигрантите од одредени земји од Латинска Америка и Африка, и порача дека тие доаѓаат од одвратни земји, јавува Anadolu Agncy (AA).
Како што јавуваат американските медиуми, Трамп во Овалната канцеларија имаше состанок во врска со прашањето за мигрантите, а во таа пригода на сметка на некои земји изнесе тешки зборови.
Се наведува исто така, дека на состанокот присуствувале и сенаторот на Јужна Каролина, Линдзи Грахам, и сенаторот Илиноис Дик Дурбин.
„Зошти би сакале тука да доаѓаат мигранти од овие одвратни земји. Треба да земаме повеќе мигранти од Норвешка", изјавил Трамп.
Американскиот претседател во првата година од својот мандат потпиша низа на одлуки кои се однесуваат на мигрантите, а овие одлуки во значајна мерка негативно се одразија на мигрантите и нивните права.
Последниот збор на Трамп се однесуваше на бегалците од Ел Салвадор, кои околу 200.000 по земјотресот во 2001 година добија привремен престој во САД. Трамп изјави дека овие бегалци имаат 18 месеци да ја напуштат земјата.