Sayed Khodaiberdi Sadat
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
КАБУЛ
Најмалку три лица се убиени во бомбашкиот напад што рано утрово се случи во главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за внатрешни работи на Авганистан е соопштено дека нападот е изведен со активирање бомба што била поставена на возилото на гласноговорникот на Дирекцијата за јавна заштита, Зија Вадан.
Во нападот е убиен Вадан и неговите двајца сопатници, а уште едно лице е рането.
Никој не презеде одговорност за нападот, а од полицијата за нападот ги обвинија талибанските милитанти.
Авганистан е упориште на повеќедецениска политичка и безбедносна криза поради борбата за превласт помеѓу талибанското движење и владините сили.
Постојана безбедносна закана претставува и терористичката организација ДЕАШ, која по поразот во Ирак и Сирија, значително ги интензивираше активностите на тлото на Авганистан.
Нападите во Авганистан не престануваат ниту по почетокот на мировните преговори, што делегациите на талибанските бунтовници и авганистанската Влада ги почнаа кон средината на септември минатата година во катарска Доха.