Sayed Khodaberdi Sadat
21 Мај 2018•Ажурирај: 21 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Пет лица смртно настрадаа во оружениот напад извршен во подрачјето на Мејвенд, кое се наоѓа во авганистанската јужна покраина Кандахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полицијата во Кандахар, генералот Абдул Разик, во изјава за АА истакна дека непознати вооружени лица ги нападнале работниците кои работеле на чистење мини во местото Маланг Кариз во ова подрачје.
Разик информираше дека во нападот загинале пет работници, додека напаѓачите киднапирале еден работник.
Тој ги обвини Талибанците за овој напад.