Qays Abu Samra,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за надворешни работи ја окарактеризираше вчерашната смрт на палестинскиот затвореник Азиз Овеисат како убиство, за кое е одговорен Израел, јавува Anadolu Agency (AA)
Овеисат почина вчера на 53-годишна возраст. Доживеал срцев удар во болница во израелскиот затвор „Ремле“, а починал во друга болница во која бил префрлен.
Во соопштението на палестинското Министерство, тој случај е окарактеризиран како убиство.
Палестинските иснтитуции најавија дека ќе сторат сè, одговорните за смртта на Овеисат да бидат изведени пред лицето на правдата.
Израелските сили во 2014 година го уапсија Овеисат, а потоа е осуден на затворска казна во рок од 30 години.
Според податоците на Здружението на палестинските затвореници, во израелските затвори се наоѓаат речиси 6.500 Палестинци, меѓу кои најмалку 1.500 лица со сериозни здравствени проблеми.