Sayed Khodaiberdi Sadat
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
КАБУЛ
Портпаролот на Национален безбедносен совет на Авганистан, Џавид Фаисал, во изјава за медиумите истакна дека во последните две недели во 29 покраини ширум земјата убиени се 89 цивили во нападите извршени од страна на Талибанците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фаисал нагласи дека во овие напади повредени се 150 цивили, додека најмногу жртви се регистрирани во покраините Кандахар, Кабул и Сар-и Пил.
Тој рече дека таргетирањето на цивилите е во спротивност со законот и верата.
Фаисал истакна дека поголемиот дел од цивилите животот го загубиле како резултат на бомбашки напади.
„Откако почна да се финализираат мировните напори во последниот период, се зголемија и нападите на Талибанците“, додаде Фаисал.
Од друга страна, Талибанците тврдат дека ја негираат изјавата на Националниот безбедносен совет.