Sayed Khodaberdi Sadat
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
КАБУЛ (AA) - Најмалку 62 лица загинаа во судирот помеѓу авганистанските безбедносни сили и талибаните во покраината Кандахар во јужен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на полицијата во Кандахар Зија Дурани за АА потврди дека талибаните најпрвин ја нападнале полициската станица во областа Нис.
Во близина на Кандахар, а во таа прилика загинаа најмалку 12 цивили. Во размена на огнот после тоа загинаа 37 талибани и 12 припадници на авганистанската полиција.
Дурани додаде дека во текот на судирите се повредени и осум припадници на полицијата меѓу кои и шефот на полицијата.
Гласноговорникот на талибаните Забихулах Муџахит во врска со нападот изјави дека се убиени 25 припадници на полицијата, како и дека талибаните ја преземаа контролата над седум полициски станици.