Sayed Khodaberdi Sadat
16 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа што утринава се случи на северниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во градот Мазари Шариф, а портпаролот на Авганистанските безбедносни сили, Мухамед Ханиф Резаи, соопшти дека остатокот е пронајден во местото Дорахи Хајратан.
Тој изјави дека во несреќата загинале шестмина војници и пилотот.
Резаи, исто така, изјави дека хеликоптерот „MI-17“ се срушил поради технички проблем, и дека немало никакво непријателско дејство.