Hakan Çopur
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопшти дека во источниот дел на Авганистан загинале тројца американски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Пентагон се наведува дека во Ачин, авганистански војник отворил оган врз американски војници и дека притоа тројца војници загинале, а еден е повреден и се наоѓа на лекување.
Пентагон започна истрага за овој случај, а идентитетот на загинатите војници ќе биде објавен наскоро.