Ekipa
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 7 лица загинаа и повеќе од 300 се повредени во денешниот координиран напад во главниот град на Авганистан, Кабул, изјавија здравствените работници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Исмаил Кавоси, потпаролот на авганистанското министерство за здравство, даде информација дека 327 лица се пренесени во болница на лекување.
Талибанците презедоа одговорност за нападот, кој се случи на еден километар од претседателската палата и Министерството за одбрана.
Нападот започнал со самоубиство во автомобил бомба кој експлодирал пред авганистанската разузнавачка канцеларија во Кабул.
Претседателот Ашраф Гани го осуди инцидентот и го оквалификува како терористички напад.