Sayed Khodaiberdi Sadat
15 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
КАБУЛ
Талибанските милитанти во авганистанската провинција Забул изведоа бомбашки и оружен напад на воена база во кои животот го загубија 10 припадници на безбедносните сили, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на провинцијата Забул, Мухамед Вејис Семим, во изјавата за медиумите соопшти дека милитанти извршиле бомбашки и оружен напад врз воена база во подрачјето Холан Рибат во местото Шахџој во провинцијата Забул.
Портпаролот Семим информира дека продолжува судирот меѓу милитантите и припадниците на безбедносните сили.
Ата Џан Хакбајан, претседателот на Советот на провинцијата Забул, рече дека во нападот животот го загубиле припадници на безбедносните сили.
Талибанската страна сѐ уште не даде какво било соопштение за ова прашање.
Додека од една страна продолжуваат напорите за обезбедување на стабилноста на земјата и мир, од друга страна продолжуваат нападите.
За воспоставување на мир во Авганистан, на 24 април во Истанбул ќе се одржи мировна конференција со учество на двете страни.
Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) соопшти дека во насилните настани во првиот квартал од 2021 година во земјата се убиени 573 цивили.