Sibel Uğurlu
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
АТИНА (АА) - "Фронтекс" ги прошири своите патролни операции во Егејското Море каде се соочува со огромен мигрантски притисок, се вели во денешното соопштение на Агенцијата за контрола на границите на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Заедничките операции на "Фронтекс" и грчката крајбрежна стража, наречена "Poseidon Rapid Intervention", ќе трае сè до 31-ви март.
"Фронтекс" распореди 15 пловила за активностите на грчките острови Лесбос, Чиос, Кос, Самос и Лерос, кои се соочуваат со огромен прилив на мигранти/бегалци.
"Фронтекс", исто така, соопшти дека ќе распореди и додатни чамци, возила и друга техничка опрема со цел помагање на националните власти во справувањето со големиот бегалски бран на грчките граници.
Бројот на распоредените гранични службеници постепено ќе се зголеми на над 400.
Според претходното соопштение на "Фронтекс", новиот персонал, заедно со преведувачите и експертите за фалсификувани документи, ќе помага во идентификацијата и земањето отпечатоци од мигрантите/бегалците.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, претходно изјави дека Атина очекува поголема помош од ЕУ, барајќи бројот на силите на "Фронтекс" во Егејското Море да достигне до 1.600 војници.