Bahtiyar Abdülkerimov
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
ТАШКЕНТ
Министерството за надворешни работи на Узбекистан соопшти дека авганистанските војници и граѓани, што се засолниле во Узбекистан, ја напуштиле земјата откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се нагласува дека сите авганистански државјани, вклучително и војниците, што избегаа од талибанците и илегално преминаа во Узбекистан, во последните два дена заминале во трети земји.
Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот месец, голем број авганистански државјани, 585 авганистански војници, вклучително и воени пилоти, илегално преминаа во Узбекистан.