Burç Eruygur
02 Јануари 2025•Ажурирај: 03 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Авион на „Сиберијан ерлајнс“, кој пристигнуваше од Москва, се излизга од пистата по слетувањето во рускиот град Норилск, објавија денес локалните власти, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Обвинителството за транспорт на Западен Сибир, споделено на Телеграм, авионот „Ербас А321“ излетал од пистата додека вртел на пистата на Меѓународниот аеродром „Аликел“.
Норилск, кој се наоѓа во сибирскиот регион Краснојарск, се наоѓа на повеќе од 2.800 километри источно од Москва.
Во соопштението се истакнува дека имало 79 патници во авионот, кој е привремено приземјен додека трае истрагата за утврдување на причините за инцидентот.
„На располагање е ставен резервен авион за повратен лет за Москва“, се додава во соопштението.
Не се соопштени дополнителни детали за жртви или степенот на штетата на авионот.