Ahmet Emin Dönmez
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
ЈАУНДЕ (АА) - Авион со 11 патници се урна во шумска област во главниот град на Камерун, Јаунде, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за транспорт се наведува дека радио-комуникацијата била прекината набргу по полетувањето на авионот од аеродромот „Симален“.
Се истакнува дека авионот со 11 лица се урнал во шумска област кај Нанга-Ебоко, на околу 130 километри северно од Јаунде.
Во соопштението се нагласува дека е упатен е повик до жителите на регионот да им помогнат на екипите за пребарување и спасување.
Се дознава дека авионот превезувал хуманитарна помош.