Islam Uddin,Ekip
01 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца пилоти загинаа и еден е тешко ранет откако денеска авионите на јужнокорејските воздухопловни сили се судрија во воздух за време на обука, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според новинската агенција „Јонхап“, авионите се судриле еден во друг за време на тренинг-летот во областа Сачеон, околу 300 километри од главниот град Сеул.
Властите испратија спасувачки и пожарникарски екипи на местото на несреќата.