Mehmet Alaca
26 Август 2022•Ажурирај: 27 Август 2022
СИДНЕЈ (АА) – Австралиската полиција во август заплени 1,8 тони дрога, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на властите, дрогата метамфетамин, која од Блискиот Исток стигнала во Сиднеј, била сокриена во мермерни калапи.
Три лица се уапсени откако се пронајдени 748 килограми дрога скриени во 24 контејнери кои пристигнале во пристаништето Ботани на почетокот на овој месец.
Минатата недела во 19 контејнери кои пристигнале на истото пристаниште се пронајдени 1.060 килограми метамфетамин. Се истакнува дека дрогата била складирана по истиот метод и испратена од Обединетите Арапски Емирати.
Шефот на полицијата, Џон Ватсон, опишувајќи го количеството метамфетамин како „зачудувачко“, рече дека ќе се фокусираат во регионот на Блискиот Исток, но дека нема да се ограничат само на овој регион.
Околу 1,8 тони метамфетамин беше запленет во Австралија во април 2019 година, кој беше испратен од Бангкок во Мелбурн скриен во звучници.