Serdar Dincel
17 Јули 2024•Ажурирај: 18 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Австралија денес вети дека ќе ја повика Русија на одговорност за наводното соборување на летот MH17, пренесува Анадолу.
„Наодите на судот недвосмислено ја утврдуваат одговорноста на Русија за соборувањето на MH17“, рече австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг.
Судот во Холандија во 2022 година осуди тројца мажи на доживотен затвор за соборувањето на малезискиот патнички авион MH17 над источна Украина во 2014 година.
Руските државјани Сергеј Дубински и Игор Гиркин и Украинецот Леонид Харченко беа прогласени за виновни за предизвикување на соборувањето на авионот во кој загинаа 298 цивили, додека Русинот Олег Пулатов беше ослободен од сите обвиненија.
„Нема да бидеме одвратени во нашата посветеност да бараме одговорност од Русија“, рече Вонг, обраќајќи им се на семејствата на жртвите во австралискиот Парламент.
Летот MH17 на „Малезија ерлајнс“, кој леташе од Амстердам до Куала Лумпур, беше соборен над источна Украина на 17 јули 2014 година. Сите 298 лица во авионот загинаа, меѓу кои и 196 холандски државјани.
Москва, меѓутоа, ја отфрли пресудата и ја нарече „скандалозна“ одлуката која беше објавена под невиден притисок на холандскиот суд и негираше каква било вмешаност во соборувањето на авионот.