Associated Press
05 Јануари 2025•Ажурирај: 06 Јануари 2025
ВИЕНА (АА) - Австрискиот канцелар Карл Нехамер во саботата изјави дека ќе поднесе оставка во наредните денови, откако преговорите за формирање нова влада пропаднаа, јавува Anadolu.
Најавата дојде откако Австриска народна партија (ОВП) на Нехамер и централно левата Социјалдемократската партија (СПО) ги продолжија коалициските разговори еден ден откако либералната партија Неос неочекувано се повлече од преговорите.
Нехамер најави дека преговарале долго и фер, но дека не е можен договор за клучните точки. Тој додаде дека ги прекинуваат преговорите и нема да ги продолжат.
ОВП, СПО и Неос се обидоа да формираат трипартиска коалиција откако екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) победи на националните избори во септември минатата година.
Анкетите покажуваат дека поддршката за ФПО е зголемена од 29 септември, кога на изборите освои 29 отсто од гласовите. Претседателот на ФПО, Херберт Кикл, ги нарече за недемократски коалициските преговори, кои според негово мислење, имаат за цел создавање „коалиција на губитници“.