Ruslan Rehimov
30 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
БАКУ (АА) - Министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, истакна дека предложиле да започнат билатерални разговори со Ерменија за утврдување на граничната линија и дека очекуваат позитивна реакција од администрацијата на Ереван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајрамов се обрати на 43. состанок на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за економска соработка на Црното Море.
На состанокот одржан со видеоконференција, Бајрамов истакна дека Азербејџан, кој го воспостави својот територијален интегритет, е решен да ги нормализира своите односи со Ерменија врз основа на нејзиниот суверенитет, територијалниот интегритет и почитувањето на неповредливоста на нејзините меѓународно признати граници.
Бајрамов исто така додаде дека нема друга алтернатива освен воспоставување на добрососедски односи врз оваа основа, со цел да се обезбеди долгорочен мир и стабилност во регионот.
Тој исто така наведе дека изградиле контролна инфраструктура вдолж границата откако е ослободена државната граница со Ерменија по 30 години окупација.
„Предлагаме да започнат билатерални разговори за утврдување на граничната линија со Ерменија. Азербејџан очекува позитивен одговор од Ерменија“, рече Бајрамов.
Посочувајќи дека реториката на омраза против Азербејџан во Ерменија е сериозно загрижувачка, Бајрамов рече дека таквата реторика на претставниците на ерменската Влада и опозицијата го загрозува и така кревкиот процес на нормализација.