Ekip
03 декември 2015•Ажурирај: 04 декември 2015
БАКУ (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, го повика рускиот претседател Владимир Путин и руските официјални лица на внимателна реторика и смирување на тензиите со цел решавање на дипломатската криза настаната по неодамнешното соборување на рускиот авион кој го повреди турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (АА).
Истакна дека е контрадикторно тоа што Русија носи одлуки за економски санкции кон Турција поради криза за која Турција не е виновна.
„Оние кои им се противат на санкциите кои се воведуваат кон нив, не би требало да воведуваат санкции кон други. Уште еднаш ги повикувам Русија и Владимир Путин кој и со денешните изјави крева тензии. Ајде првин да ги смалиме тензиите на реторичка основа и наместо взаемното обвинување, да се најдеме на полето на дијалогот. Подоцна, доколку е потребно, повторно ќе ги дадеме сите детали за случката, а тоа веќе и го сторивме“, порача Давутоглу.
Истакнувајќи дека воведувањето на санкции никогаш не им било од помош на политичките решенија, Давутоглу рече дека токму Турција е најпогодена земја со сириската криза и дека вдомила над два милиони сириски бегалци. Додаде дека Турција нема никакви територијални аспирации кон никого, но исто така, никому нема да му дозволи да ги загрозува нејзините граници и безбедност, па го повтори својот повик кон Русија со трезвен и рационален дијалог да му пријде на процесот на решавање на проблемот.
Во рамките на официјалната посета на Азејрбеџан, турскиот премиер Ахмет Давутоглу се сретна со претседателот на таа земја, Илхам Алијев, а потоа се одржа и состанок на делегациите на двете земји.
По средбата во палатата Зугулба во Баку, Давутоглу и Алијев одржаа заедничка конференција за новинари на која истакнаа дека билатераллните односи на двете земји се длабоки и повеќедимензионални и дека имаат најинтензивни односи меѓу две земји во светот.
„Ниту едни билатерални односи во светот не се блиски како односите помеѓу Турција и Азејрбеџан. Во понеделникот вечерта потврден е мандатот на новата Влада на Турција и гледате, не отидов ни во Истанбул ниту во родната Коња, туку дојдов во Баку“, рече Давутоглу.
Давутоглу рече дека ставот на Турција е многу јасен и дека ќе го поддржуваат Азејрбеџан се додека секоја педа од таа земја не се ослободи од окупацијата.
И азејрбеџанскиот претседател Алијев изрази задоволство и укажа на важноста на посетата на Давутоглу на Баку, и ја искористи таа пригода да ѝ честита на турската Партија на правдата и развојот (AK Parti) за победата на парламентарните избори одржани на 1-ви ноември.
„Односите на Азејрбеџан и Турција се исклучително добри. Едни со други се поддржуваме за сите прашања и така ќе биде и во иднина. Задоволство ми е што гледам толку бројна и висока делегација на Турција во Баку“, рече Алијев.