Maımaıtımıng Yılıxıatı
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, вчера се состана со американскиот претставник за Сирија, при што дискутираа за неодамнешните случувања во Сирија и воспоставувањето безбедносна зона таму, јавува Anadolu Agency (AA).
По пречекувањето на Џејмс Џефри, кој е во дводневна официјална посета, во Анкара, турскиот министер за одбрана изјави дека заеднички од страна на Турција и САД треба да биде воспоставена планираната безбедносна зона источно од Еуфрат.
За присуството на терористичките групи ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, Акар изјави дека нивните тврдини треба да бидат уништени и да се собере тешкото вооружување.
Акар повтори дека борбата на Турција во регионот не е против некоја специфична етно-религиска група како Курдите или Арапите, туку против терористите на ПКК/ЈПГ и ДЕАШ, како и дека мора да се создадат услови за сириските бегалци да можат да се вратат.
„Состаноците меѓу терористичките лидери на ПКК/ЈПГ и официјалните претставници на САД, вклучувајќи ги и воените претставници, ја иритираа Турција“, рече Акар, наведувајќи ја вчерашната средба помеѓу водачот на ЈПГ, Малум Абди, генералот на САД, Кенет Мекензи, и амбасадорот Вилијам Робук.
„Официјалните претставници на состанокот се согласија дека воените делегации од двете страни ќе започнат заедничка работа во Министерството за одбрана за формирање безбедна зона“, се соопштува од Министерството.
Турција од 2016 година спроведува две големи воени операции во севернозападна Сирија - операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ - за расчистување на регионот од терористички групи, особено ПКК/ЈПГ, сириска гранка на терористичката организација ПКК.