Mustafa Melih Ahıshalı
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени го погоди градот Конг, кој се наоѓа во иранската јужна покраина Хормозган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Центарот за сеизмологија при Универзитетот на Техеран, епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени бил во градот Конг, на длабочина од 13 километри.
Сè уште не е дадена изјава дали има жртви или материјална штета во земјотресот што се случи во 3:29 часот по локално време.