Murat Demirci
30 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
НИКОЗИЈА (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во врска со кипарските преговори, истакна дека ништо повеќе нема да биде како порано и додаде: „Никој повеќе од нас не може да очекува уште 50 години да ги водиме преговорите во една несигурна средина, без датум, без резултати”, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Акинџи приреди прием за медиумите по повод новата година.
Во своето обраќање, Акинџи рече дека 2017 за кипарското прашање беше година со интенизивен календар, истакнвајќи дека турскиот дел на Кипар посакувал од преговорите спроведени во Швајцарија да се вратат со поубави вести.
Претседателот Акинџи истакна дека и меѓународната заедница имала можност да се увери дека турскиот дел на Кипар е страната која презема иницијативи и ги прави првите чекори. „Направивме сѐ што е во наша моќ турскиот народ на Кипар да добие гаранции за еднаквост, слобода и безбедност, без притоа да ги игнорираме правата на грчката заедницата на Кипар. Тоа што не е постигнат никаков резултат не е поради турската страна на Кипар”, рече Акинџи.
- „Турција во овој период ги направи потребните проширувања”
Претседателот Акинџи рече дека Турција, правејќи ги потребните проширувања во изминатиот период ги направила, ги известила Генералниот секретар на Обединетите нации и своите сојузници. Истакнувајќи дека главна работа е постигнување на целта, Акинџи наведе: „Непостигнувањето на целта кај секого предизвика киселост, незадоволство.”
- „Ништо нема да биде како порано”
Претседателот Акинџи посочи дека по точката до која е дојдено, никој нема право турскиот дел на Кипар да го држи под ембарго. „Ништо повеќе нема да биде како порано. Никој не треба од нас да очекува уште 50 години да ги водиме преговорите во една несигурна средина, без датум, без резултати. Тоа е невозможно. Очигледно е дека ќе се добијат исти резултати при повторување на нашите иницијативи од изминатиот период”, рече претседателот на ТРСК Акинџи.
Акинџи рече дека меѓународната заедница со негирањето на турскиот дел на Кипар всушност дава свој придонес во нерешавањето на случајот, истакнувајќи го запирањето на усогласувањето на нормативите на турскиот дел на Кипар со Европската унија. „Не постои поголема грашка од оваа. Всушност и од страна на грчкиот дел на Кипар не постои поголема грешка. Приближувањето на турскиот дел на Кипар кон нормативите на ЕУ никому не може да му наштети”, рече Акинџи во своето обраќање пред медиумите.
Откако Акинџи беше избран за претседател на ТРСК, во мај 2015 година одново започнаа преговорите. Во нивни рамки, на средбите одржани во јануари и јули во Швајцарија не беше постигнат никаков напредок.
Преговорите ја сочинуваат 6 основни прашања, составени од „Економија”, „Европска унија”, „Сопственост”, „Менаџмент-поделба на моќ”, „земјиште” и „Безбедност и гаранции”.