Ata Ufuk Şeker
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Во главниот град на Белгија, одржан е протест против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот насловен „Кудс е наша црвена линија “, во Брисел го организираше невладината организација Конвергент (Convergent). Голем број на граѓани се собраа во близина на централната железничка станица во Брисел, а во таа прилика извикуваа „Слобода за Палестина“, „Отпор кон Израел“, „Бојкот кон Израел“.
Исто така, за време на протестите можеа да се видат и транспаренти „Запрете ја окупацијата на Израел“ и „Спасете го Израел“.
Од собирите е порачано дека одлуката на САД е бесправна, и дека како таква никогаш нема да биде прифатена.