Betül Yürük
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Шеснаесетгодишната активистка од Шведска, Грета Тунберг, која стана симбол на студентските демонстрации што ги започна против климатските промени, овој пат протестираше пред Генералното седиште на Обединетите нации (ОН), во рамки на протестите што ги одржува секој петок под името „Fridays For Future“, јавува Anadolu Agency (AA).
Тунберг со нејзиниот брод, кој нема емисија на јаглероден диоксид, тргна од Велика Британија со цел да учествува на Климатскиот самит на ОН. Климатските протести што ги започна за борба против глобалното затоплување, ги продолжи и тука.
Првите климатски протести во САД ги одржа пред Генералното седиште на ОН.
Стотици млади активисти и студенти ја поддржаа Тунберг, учествувајќи на протестите пред седиштето на ОН, при што носеа транспаренти со различни натписи.
Грета Тунберг ќе учествува на Климатскиот самит на ОН, што ќе започне на 23 септември во Њујорк.