Ekipa
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
БАГДАД (АА) - Амбасадата на САД во Багдад ги отфрли наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп одбил да се состане со ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Амбасадата ги нарече лажни и неосновани наводите на медиумите дека Трамп не сака да се состане со Ал Ибади.
Ирачкиот премиер минатата недела се состана со американскиот амбасадор во Ирак, Даглас Силиман и командантот на меѓународната коалиција предводена од САД, Стивен Таунсенд.
Од канцеларијата на Ал Ибади во ноември минатата година соопштија дека ирачкиот премиер ќе го посети Вашингтон да му честита на Трамп за победата на изборите за американски претседател.
САД ја предводат меѓународната коалиција која се бори против терористичката организација ДЕАШ и врши воздушни напади во обид да се преземе контрола над Мосул, во северниот дел на Ирак, и да се намали подрачјето кое е под контрола на ДЕАШ.