Merve Berker,Rabia İclal Turan
29 Мај 2024•Ажурирај: 30 Мај 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Борбениот авион Ф-35 набргу по полетувањето се урна и се запали во близина на меѓународниот аеродром Санпорт во Албакерки, во американската сојузна држава Ново Мексико, пренесува Анадолу.
Тимови на итна помош се упатија на местото на падот на воениот борбен авион во близина на главниот меѓународен аеродром во Ново Мексико.
Пилотот е тешко повреден и пренесен е во болница. Пожарот е изгаснат, информираше Противпожарната служба на социјалната мрежа Х.
https://tinyurl.com/mu66xduf
Локалниот телевизиски канал KOB4 објави дека пилотот, кој се катапултирал, се лекува во болницата УНМ.
Борбениот авион се урнал и се запалил околу 14:00 часот по локално време. Пожарникарските и спасувачките екипи се бореле со пожарот, но им била потребна помош и од воздухопловната база Киртленд.
Во тек е истрага за утврдување на причината за несреќата, објави Противпожарната служба.
Во веста на KOB4, компанијата „Локхид Мартин“ потврдила дека авион од типот Ф-35Б се урнал по полетувањето. Претходно авионот слетал во воздухопловната база Киртленд за да дополни гориво.