Mahmoud Barakat
09 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
БАГДАД (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес дојде во изненадна посета на ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео во моментот е на турнеја низ Блискиот Исток со цел да ги увери регионалните сојузници на Вашингтон дека помошта на САД ќе продолжи и покрај планираното повлекување на трупите на САД од Сирија.
Според официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Ирак, кој зборуваше под услов да остане анонимен, Помпео веќе се состанал со претседателот на ирачкиот Парламент, Мухамед ал Халбуси, и наскоро се очекува да се состане со премиерот Адил Абдул Махди и со други официјални претставници и политички фигури.
Теми на состанокот веројатно ќе бидат борбата против терористичката група ДЕАШ и диспозициите на трупите во Ирак.
Помпео вчера беше во Јордан, а се очекува да патува во Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ, Египет, Бахреин, Оман и Кувајт.
Ирак не беше вклучен во првобитниот план на патувањето на Помпео.