Erdoğan Çağatay Zontur
23 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со саудискиот принц Мухамед бин Селман во северозападниот саудиски град Неом, кои дискутираа за последните случувања во регионот и билатералните односи, јави официјалната Саудиска новинска агенција (SPA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се дадени понатамошни детали за средбата.
На состанокот, исто така, присуствуваа министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фаисал бин Фархан и американскиот амбасадор во Ријад, Џон Абизаид.
Посетата на Помпео на Кралството е дел од неговата турнеја низ седум држави која започна минатата недела во Франција.