Emel Gözellik
25 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
САН ДИЕГО
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, ги укина ограничувањата за зелената карта кој што овозможува да се престојува и работи во Соединетите американски држави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден, во писменото соопштение наведе дека ограничувањата на зелената карта не служат на интересите на САД и ја оштетуваат американската економија.
Наведувајќи дека се укинати ограничувањата на зелениот картон, Бајден рече дека забраните воведени од поранешниот претседател Трамп го спречуваат семејното обединување.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, повикувајќи се на невработеност предизвикана од епидемијата Ковид-19, минатата година одлучи да ја ограничи апликацијата за зелената карта и влезот на странски работници во земјата „за да ги заштити американските граѓани“.