Kasım İleri
13 Април 2017•Ажурирај: 14 Април 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Американските воздушни сили денеска изведоа напад на положбите на терористите на ДЕАШ во авганистанскиот регион Нангархар, а во нападот е користена бомбата ГБУ-43 која важи за најсилната американска бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од гласноговорниците во американското Министерство на одбрана Адам Стамп за АА рече дека нападот е изведен утрово во 7.32 часот по локално време, а нападот е изведен со бомбардерот МЦ-130.
„Нападот е изведен на комплексот на тунелот на терористите на ДЕАШ во местото Ачин во Нангархар. Американските и авганистанските сили со нападот имале намера да нанесат најголема штета на терористите и на минимум да ги намалат ризиците пред копнениот дел на операциите", рече Стамп.
Наредбата за изведување на нападот со најсилната постоечка бомба ја издаде американскиот командант во Авганистан Џон Николсон, а Стамп потврди дека тоа е најсилната ненуклеарна бомба која САД ја поседуваат.
Стамп исто така рече дека нападот е претходно планиран.
Бомбата ГБУ-43 е позната и под називот „MOAP" (Massive Ordianance Ariblast Bomb), а исто така, се нарекува и како „мајка на сите бомби". Ова е прв пат американските сили да го користат тој проектил на бојно поле.