Ekipa
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 23 милитанти, вклучувајќи двајца команданти, убиени се во воздушните напади кои американските сили ги изведоа на крајниот источен дел на Авганистан, на самата граница со Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на регионалната влада во Кандахар, Атаула Хогјани, за АА изјави дека во синоќешните воздушни напади во кризното погранично подрачје Лал Пура биле убиени најмалку 15 милитанти на локалната група поврзана со терористичката организација ДЕАШ, и уште осуммина припадници на пакистанската милитантна група Џамар ул-Ахрар.
Џамар ул-Ахрар е огранок на пакистанската милитантна група Техрик-е-Талибан, која презеде одговорност за голем број терористички напади во Авганистан и Пакистан.
Техрик-е-Талибан беше петта воздушна операција оваа недела против милитантите во тој регион со кој управуваат племенските заедници и која се смета за бастион на милитантните групи поврзани со ДЕАШ.
Асад Мансур, портпарол на групата Џамат ул-Ахрар, потврди дека во вчерашното воздушен напад загинале најмалку осум милитанти, вклучувајќи и двајцата команданти Адил Баша и Вели Кан.
Баша се смета за главен организатор за низа терористички напади, вклучувајќи го и самоубиствениот бомбашки напад во Лахоре, во кој животот го загубија најмалку 25 цивили.