Handan Kazancı
20 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
ПАРИЗ
Последните испитувања на јавното мнение открија дека околу 60 отсто од луѓето во Франција не се задоволни од политиката на францускиот претседател, Емануел Макрон, и на францускиот премиер, Жан Кастекс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Онлајн анкетата ја спроведе Францускиот институт за јавно мнение (IFOP), а учествуваа 1.936 полнолетни граѓани.
Незадоволство од Макрон изразија 60 отсто од испитаниците, додека 59 испитаници се незадоволни и од премиерот на Франција, Кастекс.
Францускиот претседател Макрон од четвртокот е во изолација поради тоа што бил позитивен на Ковид-19.
Последното истражување на Францускиот институт за јавно мнение (IFOP) покажа дека популарноста на францускиот претседател Макрон во декември паднала за додатни три проценти и дека моментално изнесува 38 проценти. Популарноста на францускиот премиер изнесува 37 отсто.
Минатиот месец во Франција е спроведено уште едно истражување на јавното мнение, што откри дека седум од 10 Французи не ѝ веруваат на администрацијата на Макрон кога станува збор за борбата против коронавирусот.
Повеќето испитаници сметаат дека мерките за спречување на ширењето на вирусот биле незаконски и неадекватни.