Tuğrul Çam
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Спротивно на очекувањата, на претседателските избори во САД победи кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп. Но имаше и анкети во коишто се предвидуваше поразот на Хилари Клинтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Спротивно на анкетите, на парламетнарните избори во Велика Британија, во мај минатата година, Конзерватнивната партија со голема леснотија победи на изборите. Истото се случи и на референдумот во Велика Британија, во врска со одлуката за останувањето или излез од Европската Унија. Анкетите не го предвидоа точно исходот од референдумот. Спротивно на очекувањата, мнозинството Британци гласаа за излез од Унијата.
Истото се случи и во врска со мировниот договор во Колумбија, меѓу колумбиската Влада и Вооружените револуционерни сили (ФАРЦ), каде што анкетите предвидуваа дека референдумот на 2 октомври со леснотија ќе биде прифатен од народот, но спротивно на ова, народот рече „не“ на овој референдум.
Последните избори каде што анкетите погрешија во предвидувањето, се претседателските избори во САД. Во предизборните анкети, Хилари Клинтон како кандидат за претседател на Демократската партија беше фаворит, но изборите го покажаа најнеочекуваниот резултат во историјата на САД во последните години.
- Во медиумите се зборуваше за Клинтон како иден претседател -
Покрај новинските телевизиски канали „Си-ен-ен“ и Ем-си-ен-би-си“, и најголемите весници во САД како што се „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“ предвидуваа дека на изборите ќе победи Клинтон.
Поголемиот дел од медиумите почнаa да зборуваат за тоа што ќе наследи Клинтон од Барак Обама и за тоа какви ќе бидат новите политики на Клинтон.
Во многу од медиумите, анкетите пред изборите покажуваа дека Клинтон ќе победи со предност од 3 до 4 проценти.
- Единствениот што го знаеше резултатот беше „ЛА тајмс“ и УСЦ -
Единствените што не погрешија во предвидувањата беа весникот „Лос Аџелес тајмс“ и Универзитетот на Јужна Калифорнија.
Во анкетите реализирани меѓу 4-10 октомври, 9-15 октомври, 19-25 октомври, 22-28 октомври, 25-31 октомври и последно меѓу 1-7 ноември, Ла Тајмс/УСЦ предвидуваа дека Доналд Трамп ќе биде победник на изборите.