Ali Murat Alhas
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Аргентинците се подготвени за исполнување на своето гласачко право за избор на следниот претседател на земјата, втората по големина во Јужна Америка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според последните анкети на јавното мислење, кандидатот на опозицијата, Алберто Фернандез, има водство пред претседателот Маурисио Макри, кој е на функцијата од декември 2015 година.
На првото гласање во август, кое се смета како пробно гласање за општите избори, политичарот Фернандез го победи Макри со 16 поени, на изненадување на многу Аргентинци.
Според официјалните податоци, економијата на земјата се соочува со зголемена невработеност, а нивоата на инфлацијата и сиромаштијата се највисоки во последните години.
Во Аргентина, кандидат на претседателски избори во првиот круг може да победи со 45 отсто гласови, или со 40 отсто од гласовите и 10 процентни поени пред кандидатот број два.
Доколку нема победник во првиот круг избори, тогаш кандидатите одат во вториот круг, кој е закажан за 24 ноември.
Во Аргентина има регистрирани 34 милиони жители со право на глас.