Sibel Uğurlu
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
БАГДАД (AA) - Безбедносните сили во централната провинција Бабил денес ги растераа приврзаниците на агитаторкиот шиитски лидер Муктада ал-Садр кои се обидоа да се солидаризираат со скорешните протести во Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Ихсан Халид, полициски службеник во Бабил, за Anadolu Agency кажа дека безбедносните сили пукале во воздух со цел да ги растераат подржувачите на Ал-Садр кои се собрале пред зградата на провинсциските власти со цел да одржат неодобрени демонстрации.
Инцидентот се случи еден ден откако илјадници приврзаници на шиитскиот лидер Ал-Садр насилно влегоа во Зелената зона во Багдад, каде што јурнаа во зградата на Парламентот за да бараат формирање на „технократска” влада оцрнета со корупција и секташка припадност.
Ирачката армија одговори на ескалацијата на ситуацијата во Багдад со прогласување состојба на висока готовност низ целиот главен град затворајќи ги влезовите и излезите од градот.
Синоќа, приврзаниците на Садр го напуштија парламентот и се повлекоа од Зелената зона, наведувајќи го како причина започнувањето на големиот шиитски празник.
Во високо обезбедената Зелена зона во Багдад се наоѓаат неколку главни владини институции, вклучувајќи го и Парламентот, како и повеќе странски дипломатски претставништва.