Ruslan Rehimov
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БАКУ (АА) - Војската на Азербејџан започна воена вежба во која учествуваат 10.000 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека вежбата се спроведува во планинските и шумските подрачја.
Исто така се истакнува дека во вежбата ќе учествуваат 100 тенка и оклопни возила, 200 различни видови ракетни и артилериски системи, 30 авиони и хеликоптери, како и беспилотни летала.
Во рамки на вежбата ќе се организираат обуки за борба против терористичките групи и илегалните вооружени банди.
Воената вежба ќе трае до 18 март.