Rabia İclal Turan
31 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ја поддржа потпретседателката и кандидатка на демократите Камала Харис за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
„Секогаш ќе бидам Американец пред да бидам републиканец. Затоа оваа недела гласам за Камала Харис“, напиша Шварценегер во објава на социјалните мрежи.
Шварценегер, кој беше гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година, го критикуваше Доналд Трамп.
Тој го критикуваше одбивањето на поранешниот претседател да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година, велејќи дека тоа е „неамерикански“.
„За некој како мене, кој разговара со луѓето насекаде во светот, кој сѐ уште знае дека Америка е светол град на ридот, да ја наречете Америка канта за ѓубре за светот е толку непатриотски. Тоа ме прави бесен“, рече Шварценегер.