İsmet Karakaş
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
БЕИРА
ИСМЕТ КАРАКАШ
Претседателството за управување со вонредни состојби и кризи (АФАД) изгради шаторска населба за лицата што мораа да ги напуштат своите домови во Мозамбик поради ураганот „Идаи“, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на АФАД ги продолжија своите активности во Мозамбик, градејќи шаторска населба во Тица, во близина на Беира, кој беше погоден од ураганот „Идаи“ и обилните врнежи од дожд.

Шаторите беа донесени од Турција со воени товарни авиони. Како резултат на анализите на екипата на АФАД во Мозамбик, шаторите беа испратени во Тица, каде што се сместени лицата што мораа да ги напуштат своите домови поради ураганот. Исто така, другите хуманитарни организации не можеа да стигнат до таа област.
За местење на шаторите на екипите на АФАД им помогнаа и другите организации од Турција кои се наоѓаат во областа, како што се Националниот медицински тим за спасување (UMKE) и Турската фондација „Дијанет“ (ТДВ).
