Ekipa
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
БАЛИ (АА) - Речиси 50.000 луѓе ја напуштиле областа околу вулканот Aгунг на индонезискиот остров Бали, од страв дека би можело да дојде до ерупција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Васкита Сутадева, портпарол на Агенцијата за справување со катастрофи на Бали, изјави дека луѓето избегале на сите делови од островот, а некои од нив заминале во соседен Ломбок.
Вулканот Aгунг претставува сѐ поголема закана, а поради интензивната сеизмичка активност, надлежните агенции минатата недела прогласија највисок степен на тревога во регионот.
Експертите предупредуваат дека вулканот може да еруптира во секое време, а со превентивната евакуација се спречуваат трагедии како онаа што се случи во 1963 година, кога загинаа најмалку 1.100 луѓе.