Ekip
25 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
ИНДОНЕЗИЈА (AA) – Вулканот Синабунг во индонезискиот регион Северна Суматра повторно еруптираше и веќе два дена исфрла пепел, јавува Anadolu Agency (AA).
Големите количини на пепелот кој ги ослободува вулканот го контаминираа воздухот и го загрозија животот на луѓето во блискиот град Каро.
Населението користи маски за движење на отворено. За количините на ослободениот вулкански пепел најдобро зборува исклучително намалената видливост и неколку сантиметри дебели слоеви на пепелта на улиците и куќите во населенијата блиску вулканот.
Синабург е висок 2.600 метри. По 400 години мирување по прв пат се активираше во лето 2010 година.
Последната ерупција на лавата се случи во февруари минатата година, кога животот го загубија 16 лица
Индонезија се наоѓа на подрачјето на Пацифичкиот појас во кој се наоѓаат најмалку 120 активни вуклани.