Ömer Aydın
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Откако од државата барал да му се исплати оштета како жртва од терористичките напади во Париз во 2015 година, судот во Франција го осуди медицинскиот работник на две години затвор поради обид за измама, јавува Anadolu Agency (AA).
Кедрик Реј ги изнесе тврдењата дека на 13 ноември 2015 година за време на терористичкиот напад се наоѓал во концертната сала Батаклан во Париз, поради што упатил барање да му се исплати оштета како жртва од терористичкиот напад.
Во врска со случајот покрената е истрага, Реј е изведен пред Казнаениот суд, и изречена му е затворска казна во траење од две години. Реј шест месеци ќе помине во затвор, а преостанатите 18 месеци ќе издржува условна казна.
Судот утврди дека Реј по терористичкиот напад дал низа на изјави за медиумите, во кои раскажувал за тоа што доживеал за време на нападот. Но утврдено е исто така дека тој се наоѓал надвор од центарот на Париз во периодот на терористички напад.
Судот го прогласи виновен за измама и го осуди на затворска казна. Исто така, судот донесе одлука на Реј да му се пружи психолошка поддршка, и дека е должен симболично да уплати едно евро во Фондот за поддршка на жртвите од тероризмот.
Во терористичките напади 2013 година во центарот на Париз, загинаа најмалку 120 лица а повредени беа над 400.