Kasım İleri
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, соопшти дека американските сили во операција во Сирија го убиле водачот на терористичката организација ДЕАШ, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Синоќа, по мојата наредба, американските сили во северозападниот дел на Сирија изведоа успешна антитерористичка операција за да го заштитат американскиот народ и нашите сојузници и го направија светот посигурно место. Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го елиминиравме водачот на ДЕАШ, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши“, наведе Бајден во пишаното соопштение.
Американскиот претседател наскоро би требало да даде изјава со повеќе детали за операцијата.